2 минути за читање
Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека авионот што ја превезувал словачката делегација на самитот на Европската унија во Брисел е сериозно оштетен на аеродромот поради инцидент со аеродромско возило, поради што леталото повеќе не е употребливо и мора да остане во Белгија.

Фицо изјави на фејсбук дека за време на маневрирањето на пистата, камион со аеродромска рампа го удрил авионот, предизвикувајќи значителна материјална штета и спречувајќи го неговиот понатамошен лет, пренесуваат медиумите.
Според некои западноевропски медиуми, во инцидентот нема повредени, а надлежните аеродромски служби започнаа внатрешна истрага за да ги утврдат околностите под кои е оштетен авионот. Засега не е објавено дали станува збор за човечка грешка или за неуспех во процедурите на аеродромот. Инцидентот се случил во моментот кога Фицо пристигнал во Брисел за еден од политички почувствителните самити на Европската Унија, каде што се дискутираат понатамошните чекори на ЕУ во врска со Украина, енергетската политика и внатрешните поделби меѓу земјите-членки, според написите.

Инаку, во средината на мај на 2024 година беше извршен обид за убиство на Роберт Фицо врз политичкиот атентат врз него. Во октомври годинава словачкиот суд го осуди на 21 година затвор мажот кој пукаше и го рани премиерот Роберт Фицо во мај минатата година. Седумдесет и двегодишниот Јурај Цинтула пукаше петпати кон Фицо од растојание од еден метар додека тој одеше на седница на владата во градот Хандлова.
Фицо беше застрелан четирипати и сериозно повреден во стомакот. Тој првпат се појави во јавност во јули минатата година и набргу потоа се врати на работа. На судењето, Цинтула рекол дека немал намера да го убие Фицо, туку само да го повреди, зашто сакал „да ги запре неговите политики кои ги сметал за штетни за слободата и културата во Словачка“. Словачките медиуми пишуваа дека Цинтула е писател и поет од гратчето Левице и основач на книжевниот клуб „Виножито“, кој работел како обезбедување во трговски центар и бил поврзан со проруската група „Словенски бранци“.