Фудбалскиот клуб Рединг се наоѓа во тешка финансиска ситуација, а се најавува и најцрното сценарио, а тоа е згаснување на клубот. Пред неколку месец Рединг го превземаа нови сопственици од САД, но сега е активирано барање за ликвидација на клубот.
Барањето за ликвидација го поднесе поранешниот извршен директор на Рединг, Најџел Хау, кој веќе подолго време има судски спор со клубот кој ги отфрла сите обвиненија.
„Клубот ги отфрлува обвинувањата и е во активен спор со засегнатото лице. Со оглед на можноста за судска постапка, би било несоодветно да се коментира понатаму во овој момент“, стои во соопштението на Рединг.
Хау претходно имаше висока извршна функција во Рединг и беше вклучен во неодамнешната продажба на клубот, која беше завршена претходно оваа година по долготрајните финансиски тешкотии под претходниот сопственик.
На Рединг претходно му беа одземени бодови и беа ставени ограничувања, а најновите вести ќе предизвикаат дополнителна загриженост кај навивачите. Рединг сега е дел од третата лига во англискиот фудбал и вреди само 11 милиони фунти, а моментално се наоѓа на 18-то место во популарната Лига Еден.
Не така одамна, односно во сезоната 2012/13 Рединг беше дел од Премиер лигата, а претходно во елитното друштво играше и во сезоната 2007/08.