Поранешниот висок функционер на ДУИ, Бујар Дардишта, кој раководеше со повеќе државни институции, се најде во центарот на истрагата на органите на редот.
Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
End Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
Акцијата, според информациите, започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година и е реализирана од Одеелот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Истрагата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.
Според досегашните информации, претреси се извршени на повеќе локации во Скопје и Куманово, при што се одземени парични средства во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови и финансиска документација од значење за истрагата. Во моментов, според неофицијални извори, претреси се спроведуваат и во два правни субјекти на овие подрачја.
Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
End Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
Информацијата се уште нема официјална потврда ниту од МВР ниту од Јавното обвинителство.
Бујар Дардишта беше директор на Управата за водење на матични книги, а потоа управуваше со едно од новоформираните претпријатија на ЕСМ за топлинска енергија, наследник на БЕГ. Тој стана предмет на јавна критика кога Државниот завод за ревизија откри дека во 2019 година, додека тој беше директор на Управата, биле издадени 21.957 погрешни изводи, односно 4% од вкупниот број издадени изводи. Ревизијата откри кусок од 94.451 извод во матичните книги во Скопје, Тетово, Ресен, Гостивар и Прилеп, за кои не биле наплатени административни такси.
Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
End Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
Последниот јавен настап на Дардишта беше на собирот на УЧК во центарот на Скопје, каде тој беше дел од организациониот одбор.