1 минута за читање
Акција за рушење на бесправно изграден објект во населбата Инџиково, општина Гази Баба се одвива од утрово. Градоначалникот Бобан Стефковски, на социјалните мрежи објави дека акцијата започнала во 05:00 часот, по претходна координација со МВР.
Во прашање е објект во фаза на карабина со намера да се надградува, и покрај претходните забрани од надлежните служби.
„ЗА УРБАНАТА МАФИЈА НЕМА МЕСТО ВО ГАЗИ БАБА!
ЗАКОНОТ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА!
Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект!
Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат.
И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности.
Акцијата започна во 05:00 часот наутро, со претходна координација со МВР.
Компромис со почитувањето на Законот – НЕМА!
Апелирам до сите граѓани:
Почитувајте ги законите и не започнувајте градба без добиено Одобрение за градење.
Ред, закон и еднаквост за сите!“ се вели во објавата на градоначалникот.