Шкендија е првиот македонски клуб кој ќе презими во европските купови. Тетовскиот клуб заврши на 22 место на табелата во Конференциската лига и на тој начин обезбеди место во плејофот за пласман во осминафиналето.
Тоа значи дека Шкендија во Новата година ќе влезе како дел од европската елита. На 16 јануари македонскиот првак ќе го чека името на следниот ривал во нокаут фазата. Според финалниот распоред на табелата, јасно е кои се можните ривали на Шкендија. Тоа се двете екипи кои заврши на 11 и 12 место на табелата, а тоа се Самсунспор или Лех Познањ.
Првиот меч на кој Шкендија ќе биде домаќин ќе биде на 19 фервуари, а реваншот ќе биде седум дена подоцна на теренот на противникот, дали ќе биде тоа Самсунспор или Лех.
