1 Човек ќе си мисли дека во државата не тече мед и млеко штом е толку фокусирано и жестоко се фати за темата за прифаќање на мигрантите на кои ќе им биде одбиен азил во Велика Британија, што ја објавија британските медиуми. Кога се појави Венко Филипчетка онаа онаа избезумено на прес-конференција да најави социјалдемократска би против мигрантите, не како да се најдов во небрано. Море на мобилизација повика, ќе правиле протести, ќе собираме потписи… Големи вмровци од вмровците. Повмровски тези ќе смслеа.
Целата оваа приказна и дебата на која власта и опозицијата се натпреваруваат кој повеќе е против мигрантите, ми дојде како времеплов. Како да сме вратиле во 2017 година, кога општите совети во мнозинството беа на ВМРО-ДПМНЕ изгласаа референдуми за партиите да се изјаснат дека во нивните општини не смеат да бидат мигранти. Која паника се шири тогаш кога претставници на некоја граѓанска иницијатива „Будење“ собираат потписи против мигрантите на плоштадите во градовите во кои општинските власти беше од ВМРО-ДПМНЕ.
Впрочем, муабетот за мигрантите го отвори ВМРО-ДПМНЕ уште додека беше во позиција. А СДСМ се фати за приказнава како пијан за плот, па дојдоа и до таму да ја објави одлуката на Собранието против „мигрантите за пари“. Демек, со вмровски камен по вмровска глава ќе удрат.
И – каменот им се удри од глава. Што направи ВМРО-ДПМНЕ? Го направи тоа што најдобро го знае. Во Собрание им изгласа контрарезолуција, со која се забрани на пратениците од опозицијата да зборуваат за мигрантите. Пратениците од владејачкото мнозинство донесоа Резолуција со која „се повикуваат сите политички субјекти и јавните органи на одговорност во јавниот говор, почитување на фактите и воздржувањето од ширење лаги и манипулации кои можат да предизвикаат општествени тензии и да го смират јавниот ред и мир“.
Можеше власта само да чека СДСМ да ја прифати резолуцијата. Ќе дојдеше текстот во Собрание, ќе ја ставиме на гласање, нема да ја изгласам и ќе ја затворам темата. Ама не. Мора да се покаже сила.
Добро, не е баш исто како на 24 декември 2012 кога ВМРО-ДПМНЕ ги исфрли од Собрание на клоци како партали пратениците од СДСМ при гласањето на Буџетот. Скраја да е, не е исто ни како 27 април 2017 при организираниот напад на Собранието кога, како што викаше почесен лидер Никола Груевски, „да сакаа да ги убие, ќе ги убиеја“ пратениците на СДСМ. Сега само гонат гласот ако е одговорен од владата ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“.
Сега од темата мигранти ќе се пренесеме на темата како да се најде оправдание да се замолчи опозицијата. И тоа во Собрание. Што е вистински континуитет на парламентарната демократска традиција во духот на ВМРО-ДПМНЕ.
2 Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека „не видел повеќе обединети скопјани од вечерта кога ја осветлувавме елката“.
Обединети? Како да не. Испраќаа покани во општините со вмровски градоначалници „со охрабрување да ги натерате основните училишта во општината да присуствуваат со кои причини е“. За да може градоначалникот да објави дека „оваа вечер ќе остане во историјата и ќе прерасне во убава традиција“.
Орце како да не живее во Скопје штом дури сега видел повеќе обединети скопјани на едно место. Па само во еден дел од секундата ми на десетина настани каде што сум видел повеќе обединети скопјани на Плоштадот Македонија, единствена тек за елката на Орце, и тоа само во мојот живот. А Скопје постои многу пред мене и пред градоначалникот. Па, независноста на Македонија во 1991 година ја славевме на истото место. И „Кометал шампионе“ во ракометот го славеше со песна. И четврто место на Европско во кошарка. И кандидатски статус за ЕУ додека вееше снег. И Каролина со огромно македонско знаме со кран ја спушташе од коњот на воинот за 20 годишнината од независноста… Долга е низата.
И не само прослави. И протести на кои имало обединети. И концерти на отворено и на македонски и на странски ѕвезди.
Четири години Плоштадот Македонија тонеше во мрак со нивната Данела Арсовска и сега доаѓа Орце да не каже дека од него почнува историјата.
Светна елката, е, бидна и таа, накитен е и главен град за Нова година. И прославата ќе има на Плоштадот Македонија. Ама не мора баш да биде историско, па дури и осветлувањето на елката, а контејнерите со ѓубре уште не се празнуваат повторно. И автобусите уште не продолжуваат. И не е лошо сите градоначалникот на Скопје, со сите градоначалници на Општините што му дојдоа на осветлувањето на елката, да провери до каде се накотиле глувците од пи-арот што не го правеа со ѓубрето во предизборната кампања.
исто, елка ко елка. Оваа година, вогодина поинаква.
3 Просто ми е неверојатно како власта си создава илузија и после си живее среќно во така создадената илузија и се чуди кога другите не веруваат на истата илузија.
Во таа паралелна реалност не е само воздухот во Скопје почист од Виена. Не само што тие се иселиле од државатака почнуваат да се враќаат во земјата, како што вели премиерот Христијан Мицкоски. Туку, ВМРО-ДПМНЕ успеа во истражувањето да го врати и името на државата. како? Па така: „Дури и Венко, кому му беше целата територија на Северна, сега ја користи Македонија“, вели Мицкоски.
Ете, до Венко бил проблем.
Па поентира: „Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас знам“.
За премиерот важи: Јас не гласавСеверна“ и јас не ме фаќа Уставот.
4 Еден поранешен советник во Град Скопје од владејачката ВМРО-ДПМНЕ им се појавил на помош во Зоолошката градина во Скопје и цела недела им држел состаноци на држење дека ќе им биде новиот директор.
Е тоа е реалноста во која живееме. На човек ќе му каже од партијата дека ќе го стави директорот на јавното претпријатие, тој без формален документ дека е именуван си ги вика на состаноците, а тие без формално известување кој им е директорот одат на тие состаноци.
Каков закон, каква постапка. Партијата е оценета. На процедура и партија заедничко им е само едно „П“.
АУДИО ПОДКАСТ