1 минута за читање
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Киев не покажал подготвеност за територијални отстапки и мир.
-Русија засега не гледа подготвеност на Киев да разгледува територијални прашања. Киев одбива мирно да го заврши конфликтот. Русија е подготвена и сака конфликтот во Украина да заврши мирно, рече Путин на почетокот на својата годишна прес-конференција, каде што му поставуваат прашања новинари и граѓани.
Тој потсети дека во 2022 година, кога сè достигна „пресвртна точка“, кога „киевскиот режим започна војна во Донбас“, Русија нагласи дека ќе биде принудена да ги признае ЛНР и ДНР, објави Спутник.
-Сè започна со државен удар во Украина, рече Путин, одговарајќи на прашањето за тоа како ќе се постигнат целите – преку војна или мир.