Со нов трипл-дабл, 13ти во сезоната, Никола Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до победа од 126-115 над Орландо Меџик со 23 поени, 13 асистенции и 11 скока.
Но на синоќешниот меч српскиот кошаркар постави уште еден рекорд. Тој стана центар со најмногу асистенции во историјата на НБА престигнувајќи го на вечната листа легендарниот Карим Абдул Џабар.
„Секогаш велам дека овие работи се за после мојата кариера.Ова е наследство на кое ќе се осврнувам додека пијам пиво на тераса и ќе им раскажувам на моите деца измислени приказни“ рече Јокиќ по натпреварот.
Карим Абдул-Џабар го држеше рекордорот со 5.660 асистенции и додека наКарим Абдул-Џабарму беа потребни 1,560 натпревариниз 20 сезони за да стигне до бројката од 5,660 асистенции, наЈокиќму беа доволни само771 натпревар.