Барселона оствари важна победа (0-2) на гостувањето кај Виљареал и на најдобар можен начин ја заокружи 2025 година. Каталонскиот тим сега повторно има четири бода предност во однос на најголемиот конкурент Реал Мадрид.
Рафиња од пенал донесе водство за Барса, а работата за гостите беше олеснета и со црвениот картон Ренато Веига во 39-тата минута.
Ламин Јамал во 63-та минута постигна втор гол за тимот на Ханси Флик и ги завери трите бода.