Фиорентина забележа убедлива победа од 5-1 над Удинезе во 16-то коло на италијанската Серија А. Со ова тимот од Фиренца покажа знаци за живот во битката за опстанок.
Победата дојде по раното исклучување на голманот на Удинезе, Окоје, кој во осмата минута непотребно го собори Моисе Кин, оставајќи го тимот со играч помалку. Тоа ја отвори вратата за Фиорентина, а првиот гол падна во 21-та минута преку Родриго Мандрагора.
Пред крајот на првото полувреме, тимот од Фиренца го зголеми водството со погодоците на Алберт Гудмундсон во 42-та минута и Шер Ендур во судиското продолжение на полувремето.
Во вториот дел, Моисе Кин погоди во 56-та минута, додека Умар Сол претходно во 66-та минута намали на 4-1 со атрактивен гол. Меѓутоа, Кин во 68-та минута го постави конечниот резултат.
И покрај победата, Фиорентина останува на последното место на табелата со девет бода, додека Удинезе е единаесетти со 21 бод.