Полноќниот експрес и вечерва нуди дополнителни возбудувања со шест натпревари од НБА лигата.
Првиот меч меѓу Атанта хокс и Чикаго булс стартува од 21.30 часот, а останатите се после полноќ.
Минесота е голем фаворит дома против Милвоки, а Сан Антонио е уште поблиску до триумф на гостувањето во Вашингтон, барем според квотите.

Покрај стандардните квоти, тука е омилената игра „плус/минус поени“ на индивидуалниот поентерски ефект на кошаркарите. Вечерва во понудата има вкупно 60 кошаркари.
