Во само четири дена, новите сообраќајни камери со вештачка интелигенција во Атина забележаа над 2.000 сериозни прекршоци, откривајќи ја моќта на технологијата во борбата за безбедни патишта.
Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
End Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
На авенијата Сингро, една од камерите регистрирала повеќе од 1.000 прекршоци, меѓу кои користење мобилен телефон додека се вози и неносење безбедносен појас, јавува „Катимерини“. Во исто време, речиси 800 возачи биле фатени како ја надминуваат брзината на дел од патот со ограничување од 90 километри на час, додека 480 случаи на поминување на црвено светло ја покажуваат сериозноста на проблемот.
Минатата недела на осум локации е започната пилот-програмата, со висок ризик по препорака на грчката полиција, која е дел од пошироката кампања на властите за зголемување на безбедноста на патиштата.
Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
End Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
„Ова е политичка одлука со јасна социјална цел. Целта е намалување на сообраќајните несреќи и спасување животи“, изјави министерот за дигитално управување, Димитрис Папастергиу. Тој истакна дека акцијата не е само казнувачка, туку и предупредувачка: „Сакаме граѓаните да знаат дека правилата важат за сите и се спроведуваат на фер и современ начин.“
Камерите детектираат сериозни прекршоци како брзо возење, поминување на црвено, неносење појас, користење мобилен телефон при возење и нелегално користење на ленти за итни случаи. Возачите ќе бидат известени преку дигиталното поштенско сандаче на платформата gov.gr или преку електронска пошта, а жалбите ќе можат да се поднесуваат онлајн.
Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
End Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
Властите веќе најавија планови за ширење на мрежата на 2.500 камери низ целата земја: 2.000 фиксирани на критични локации и 500 во јавниот превоз за контрола на автобуските ленти, со цел да се создаде „невидлива мрежа“ за безбедност на патиштата.