Швајцарската женска репрезентативка и една од најпознатите ѕвезди на женскиот фудбал,Алиша Леман, објави видео на социјалните мрежи на кое таа ја демонстрира својата техника на контрола на топката.
Видеото брзо стекна популарност, собирајќи огромен број лајкови. Членката на Комо е најследената светска фудбалерка на Инстаграм.
Таа во Лондон, за време на Балер лигата (слична на шпанската Кингс лига), се соочи со предизвик да жонглира и додека ја контролира топката, мораше да облече елек.