Вчера во Нови Пазар се одржа масовен студентски протест, откако Државниот универзитет донесе одлуки кои предизвикаа силни реакции кај академската и студентската јавност. Студентите излегоа на улица во знак на револт поради укинување на статусот редовен студент на околу 200 лица, како и отпуштање на 30 професори.
Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
End Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
Според организаторите, отпуштените професори биле дел од академскиот кадар кој јавно го поддржувал студентското движење, кое започна по трагичниот пад на натстрешницата во Нови Сад.
Студентите оценуваат дека мерките на универзитетското раководство претставуваат притисок и обид за задушување на критичкиот глас во високото образование.
На протестот беа упатени барања за оставка на одговорните во управата на универзитетот, поништување на донесените одлуки и враќање на отпуштените професори, како и враќање на студентскиот статус на засегнатите студенти.
Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
End Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
Протестот помина мирно, но со силни пораки дека студентите нема да се откажат од борбата за, како што велат, академска слобода, правда и солидарност. Организаторите најавија дека доколку не се исполнат нивните барања, протестите ќе продолжат и во наредниот период.