Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки. Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.“
По завршувањето на проекцијата, градоначалникот и тимот поделиле новогодишни пакетчиња за сите дечиња, создавајќи незаборавни празнични моменти.
„Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита. Нивната радост е нашата најголема обврска. Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови.“
Скопје вечерва беше сведок на моменти на чиста радост, потсетување дека грижата за децата е основа на силна и хумана заедница.