Откако Игор Ангеловски упати „отровни стрели“ кон раководството на Фудбалската федерација на Македонија по повод изборот на Гоце Седлоски за селектор, некогашниот пријател и македонски капитен под водство на Ангеловски, Горан Пандев, жестоко му врати на Мрме на критиките и тоа преку Инстаграм.
„Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни 6 часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експерот кој во последните години во ниеден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеца. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија, доста ти беше, поминато времето на шуто и рогато во ФФМ“, објави Пандев.