1 минута за читање
Пренџов во ТВ Канал 5, исто така, посочи дека „покрај тоа што имаме стабилен економски раст, 3 и пол пати поголем од тој што го имаа СДСМ, имаме и 100 отсто усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија“. „Имаме и законодавство, кое е меѓу сите кандидати за евроинтегрирање со највисок степен на усогласеност со ЕУ. Останува да се грижиме за состојбите, што ги имаме со Бугарија, но истовремено треба да мислиме и на потребите на државата.“ – напомна Љупчо Пренџов во дискусијата за внесувањето на Бугарите во Уставот со одложено дејство.
Тој нагласи дека владата на Зоран Заев остави големи штети, и покрај сите тогашни предупредувања, оти остави променето име, знаме, банкноти.