2 минути за читање
Украински напад со беспилотно летало во текот на ноќта предизвика пожар во индустриски објект во јужниот руски регион Ставропол.
Гувернерот на регионот, Владимир Владимиров на социјалната мрежа Телеграм објави дека во нападот нема пријавени повредени, а станбените згради и основната инфраструктура на градот не се оштетени, пренесува Киев индепендент.
„Во индустриската зона има пожари. Службите за итни случаи работат на местото на настанот“,пишува тој
Според пишувањата на Ројтерс, рускиот нафтен гигант „Лукоил“ го управува петрохемискиот комплекс „Ставролен“ во Будјоновск во Ставропол, а регионот, исто така, има инфраструктура за гасоводи и места за складирање гориво што го прават дел од поширокиот енергетски и хемиски систем на Русија.
„Украина, која, наводно, претходно ја нападнала фабриката ‘Ставролен’, изјави дека нејзините напади во Русија и подалеку од линијата на фронтот имаат за цел да ги ограничат воените напори на Русија во војната што Москва ја започна пред речиси четири години“, објави Ројтерс.
На социјалните мрежи се шират видеа од голем пожар во петрохемискиот погон „Ставролен“ во рускиот град Будјоновск, а нападот, како што пишува Киев индипендент, првпат гообјавиле руските медиумски канали на Телеграм.
Видеата и фотографиите објавени од локалните жители покажуваат огромни пламени што излегуваат одзапалениот погонот.
„Ставролен“ е еден од главните производители на полиетилен и полипропилен во Русија.
Но споредГенералштабот на украинските вооружени сили претходно изјави дека фабриката се користи и за производство на компоненти за беспилотни летала, композитни материјали и делови и изолација за разни видови руска воена опрема.
Објектот Ставролен, кој се наоѓа на околу 500 километри од источната украинска граница, и претходно бил цел на напади. Украинските сили за специјални операции потврдија дека извршиле успешен напад на истата локација на 12 ноември.
Ukrainian attack drones successfully hit Russia’s Stavrolen petrochemical plant in the city of Budyonnovsk tonight.
The facility, a major producer of key polyethylene/polypropylene products, is heavily ablaze. pic.twitter.com/wAQ3fW29bN
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) December 23, 2025