На 70-годишна возраст почина македонската фудбалска легенда Васил Рингов.
Веројатно најдоброто лево крило што сме во имале во историјата, врвен мајстор со топка, се прослави во Вардар со кој ја освои шампионската титула во поранешна Југославија во 1987 година и за Црвено-црните постигна 93 гола на 200 меча, а играше и Беласица од родната Струмица, како и за Партизан, Тетекс, Динамо Загреб, германскиот Брауншвајг.

„Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство.
Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината.
Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег.
Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат.
Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра.
Почивај во мир, драг наш Васе“, објавија од Фудбалската федерација на Македонија.