1 минута за читање
Дарко Чурлинов ги постигна своите први голови за Коџаелиспор во својот најдобар настап сезонава за турскиот фудбалски суперлигаш, придонесувајќи со два погодока и асистенција за триумфот од 3:1 на домашен терен против второлигашот Ерзурумспор во Купот на Турција.
И двата гола македонскиот репрезентативец ги постигна во првото полувреме, погодувајќи прво со глава во 18. минута и потоа во 45. минута, а пред да биде заменет во 61. минута стигна и да асистира за погодокот на Белгиецот Жозеф Нонге.
Головите на 25-годишниот напаѓач на линкот 1 и линкот 2.