Кариерата на Џуд Белингaм во Реал Мадрид почна одлично откако пристигна од Борусија Дортмунд пред три години за 103 милиони евра, плус 30 милиони евра бонуси.
Во првите сезони Белингaм играше поблиску до голот под водство на Карло Анчелоти, особено по заминувањето на Карим Бензема и пред доаѓањето на Килијан Мбапе, постигнувајќи и неколку голови. Сепак, Реал го доведе како централен играч на средината на теренот и беше јасно дека неговата позиција ќе се помести кон срцето на игралиштето.
Под водство на Чаби Алонсо, Белингам сè уште не го покажува целосниот потенцијал што се очекуваше. Главната причина е што често е оптоварен со дефанзивни задачи, особено кога игра на левата страна во формација 4-4-2, додека Винисиус останува повисоко на теренот.
Исто така, Алонсо користи формација 4-2-3-1, во која го поставува Белингам како офанзивен играч на средината, но и тука постои дефанзивна нерамнотежа. Белингам често страда поради тоа, што не е негов личен пропуст. Но, тоа може да му направи проблем во репрезентацијата на Англија.
На индивидуално ниво, други млади таленти, како Морган Роџерс во Астон вила, се во одлична форма, па ако продолжи вака, има големи шанси да биде прв избор на Томас Тухел за Светското првенство, како што се случуваше и во квалификациите. Роџерс започна против Србија, додека Белингам остана на клупата.
Дополнително, со извонредната форма на Фил Фоден, и покрај солидната статистика што Џуд Белингам ја има оваа сезона, шест гола и пет асистенции, не е прв избор на селекторот на Англија.