Во Тетово започна поставувањето на камери од системот „Безбеден град“ на повеќе градски улици и булевари. За разлика од претходно, кога вакви камери имаше само на влезот во градот од скопска страна, сега тие се инсталираат и во самото градско подрачје.
Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
End Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
Камери веќе се поставени на булеварите „Илинден“ и „Видое Смилевски-Бато“, а жителите велат дека забележале уреди и на други локации низ градот.
Граѓаните очекуваат новиот систем да помогне во намалување на сообраќајниот хаос, кој со години е еден од најголемите проблеми во Тетово.
Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
End Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
„Поставувањето камери е неопходно со оглед на тоа каков сообраќаен хаос владее во градот. Останува да се види дали навистина ќе има ефект и дали граѓаните ќе почнат повеќе да ги почитуваат правилата“, вели жител на Тетово.
Други граѓани сметаат дека електронскиот систем ќе ја намали можноста за избегнување казни. „Тетово отсекогаш било специфично кога станува збор за почитување на сообраќајните правила. Но, кога казнувањето е автоматизирано, потешко е да се избегне одговорност“, истакнува жителка на градот.
Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
End Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
Камери од системот „Безбеден град“ веќе се поставени во Скопје и Куманово, како и на автопатите „Мајка Тереза“ и „Пријателство“. Тест-периодот започна на 1 декември, а системот со изрекување казни официјално ќе почне да функционира од 1 февруари. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во првите 24 часа од тестирањето биле регистрирани над 110 илјади сообраќајни прекршоци.