Смртта на легендата Васил Рингов ги потресе сите искрени љубители на фудбалот, од сите страни доаѓаат пораки со сочувство, а со изјава до медиумите се јави и Чедомир Јаневски, некогашен соиграч на Рингов од Вардар, беа дел од славната генерација која стана шампион на екс Југославија во 1987 година.
„Мој пријател и колега Васе, ќе останеш запаметен по добрината и спомените што ги создававме заедно. Често кога бев во Македонија наоѓав време за сретна со Рингов и останатите вардарци. Со длабока благодарност и тага се простуваме од него. Сочувство пред сè до неговата фамилија, нека почива во мир“, вели Чеде Јаневски, некогашниот соиграч на Васе Рингов од деновите минати во Вардар.
Инаку погребот на Васе Рингов ќе се одржи денеска од 13 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.