2 минути за читање
В петок напладне, воКумановое најавенпротест пред зградата на Управата за јавни приходи, како реакција на, како што велат организаторите, ретроактивното оданочување на приходи од странствоза период од2020 година наваму. Протестот следува по бранот решенија што изминатите недели им пристигнаа на голем број граѓани од Куманово, но и од други градови низ Македонија, со кои се бара плаќање високи износи на персонален данок на доход за приходи остварени во странство во последните пет години.
Посебно погодени се илјадници кумановци кои со години работеле во американски бази во Ирак и Авганистан, а чии примања, иако заработени надвор од државата, биле уплаќани на сметки во Македонија.
Од УЈП соопштија дека има над 9.000 граѓани кои, според нивните податоци, должат средства по овој основ. Од Управата наведуваат дека предмет на оданочување се само приходите што граѓаните ги оствариле додека престојувале во земјава, иако средствата потекнувале од странство.
Во меѓувреме, голем број граѓани се обидуваат ретроактивно да обезбедат документација со која ќе докажат дека во периодите за кои им се пресметува данок не престојувале во Македонија, туку биле во странство и дека таму веќе платиле данок согласно законите на државите во кои работеле.
Организаторите на протестот најавуваат дека ќе бараат повлекување или ревидирање на решенијата, како и јасно и недвосмислено толкување на даночните обврски, за да се избегнат, како што велат, неправди и финансиски удари врз илјадници семејства.