Ноќта во Солун беше прекината од експлозија што ја потресе Евосмос и го вознемири целиот кварт. Звукот се слушнал на повеќе од километар, предизвикувајќи страв и вознемиреност кај жителите, кои излегле на улиците за да видат што се случува.
На среќа никој не е повреден, но последиците врз материјалните добра се сериозни. Најмалку седум автомобили биле уништени, а соседните објекти се оштетени од силата на ударот. Засега, нема информации дека пред експлозијата било упатено предупредување до полицијата или до граѓаните.
На терен веднаш пристигнаа полицајци и експерти за деактивација на експлозиви. Тие работат на утврдување на причината и можните осомничени, додека форензичките анализи се во тек.
Градските власти најавија дека наскоро ќе се објават дополнителни детали, но за сега Солунци остануваат во неизвесност, следејќи го развојот на истрагата.