НЛБ Банка ја заокружува јубилејната година со најголемиот исчекор во дигитализацијата на своите услуги и официјално станува првата „mobile first“банка на пазарот, овозможувајќисеопфатно дигитално искуствопреку мобилен телефон.
Со поракатаШто ако можеш сè?, во изминатава година, НЛБ Банка ја градеше својата позиција на поддршка на амбициите и можностите на клиентите. Денес, таа порака ја добива својата најсилна завршница.Сега можеш сè!е слоганот кој ја затвора јубилејната година за НЛБ Банка и јасно кажува дека ветувањето е целосно исполнето.
Поставувајќи нови стандарди и редефинирајќи го банкарството на македонскиот пазар, НЛБ станувапрвата банка на пазарот чија дигиталнаплатформаза физички лица овозможувабанкарство„одпочетокдо крај“иво која сите банкарски услуги се достапни преку мобилниот телефон.
Сега клиентите, преку мобилниот телефон, можат да отворати банкарска сметка.По активирање на мобилното банкарство, веднаш да ја добијат својата платежна картичка во дигитална форма, да ја додадат во дигитален паричник и да ја користат за плаќање на ПОС терминали, онлајн, како и за подигнување на готовина од банкомати.
Преку својот мобилен телефон, клиентите можат да отворат и депозит, да активираат дозволено пречекорување, да аплицираат за добивање на картичка или да зголемат лимит на истата, да аплицираат за кредит. Практично, да управуваат со сите свои финансии, со исклучителна удобности флексибилност.
„Со воведувањето на „mobile first”, ја заокружуваме јубилејната година и логично го надградуваме слоганот„Што ако можеш сè?”со неговата финална и најконкретна форма –„Сега можеш сè”. Ова не е само комуникациска порака, туку резултат на континуирана стратешка трансформација насочена кон дигитализација, ефикасност и подобрено корисничко искуство.”–истакнуваат од НЛБ Банка.
Со оваа трансформација, НЛБ за своите клиенти-физички лица, веќе нуди комплетен спектар на банкарски производи и услуги100% дигитално, елиминирајќи ја потребата од посета на експозитура.
„Како прва банка на пазарот што овозможува целосно дигитален пристап до сите клучни банкарски производи и услуги, ја потврдуваме нашата заложба да бидеме банка- иноватор, и да им обезбедиме на клиентите сигурно, едноставно и достапно банкарство, целосно усогласено со современиот начин на живот.” –заклучуваат од Банката.