Корисниците на Google наскоро ќе добијат долгоочекувана можност – да ја променат имејл адресата поврзана со нивната сметка. Досега ова беше можно само ако корисниците користеа адреса од друг сервис, како Outlook или Yahoo, но Google сега полека ја воведува новата функција и за поширок круг корисници.
Според информациите од 9to5Google, процесот на пуштање е „постепен“, што значи дека не сите корисници ќе ја видат опцијата веднаш. Новината овозможува корисниците да ја заменат својата постоечка адреса, без да го изгубат пристапот до сите податоци на сметката – фотографии, пораки, календарски настани и други информации остануваат непроменети.
Важно е да се напомене дека доколку се обиде да се промени @gmail.com адресата, таа нема да исчезне. Всушност, таа продолжува да постои како „alias“ – корисниците ќе продолжат да примаат пораки на старaта адреса, додека новата станува главна.
Ова е значаен чекор за Google, кој корисниците им дозволува поголема флексибилност и контрола над својата онлајн идентичност, без да се наруши функционалноста на нивната сметка.