Интересна Божиќна вечер понуди НБА лигата која мина во знак на Јокиќ и новиот пораз на шампионот Оклахома Сити.
Никола Јокиќ постигна трипл-дабл водејќи ги Денвер Нагетс до победа од 142-138 по дополнителните пет минути игра.
Јоокиќ реализира 56 поени од кои 18 поени во продолжението и постави рекорд во НБА лигата. Србинот го сруши рекордот на Стефен Кари од 17 поени во продолжението од 2016 година. Популарниот „Џокер“ додаде и 16 скока и 15 асистенции.
За Јокиќ тоа беше 179-ти трипл-дабл во кариерата.
Шампионот Оклахома Сити и трет пат сезонава е поразен од Сан Антонио.
Спарсите ги победија и Тандерите во полуфиналето на НБА Купот на 13 декември и во Сан Антонио во вторник. Овојпат тие славеа на гостински терен со 117-102.
Де’Арон Фокс постигна 29 поени, Виктор Вембањама имаше 19 поени и 11 скока, а Стефон Касл имаше 19 поени и седум асистенции за Спарс. Шаи Гилгиус-Александар постигна 22 поени за шампионот. Двата тима повторно ќе се сретнат на 13 јануари во Оклахома Сити.
РЕЗУЛТАТИ
Денвер – Минесота 142-138
ЛА Лејкерс – Хјустон 96-119
Голден Стејт – Далас 126-116
Оклахома – Сан Антонио 102-117
Њујорк – Кливленд 126-124