Општина Аеродром започнува со интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, со јасна цел – заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на сите граѓани.
Согласно со член 9 од Законот за заштита од бучава во животната средина, забрането е емитирање бучава над пропишаните гранични вредности.
Во станбените објекти, во вечерниот период од 19 до 23 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 35 dBA, а во ноќниот период од 23 до 7 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 30 dBA.
Овластените инспектори за животна средина на Општина Аеродром ќе вршат интензивни и континуирани контроли, особено кај угостителските и туристичките објекти, со цел доследно почитување на законските норми.
Санкциите се високи и строго ќе се применуваат:
• 6.000 – 7.000 евра (денарска противвредност) за микротрговци
• 13.000 – 14.000 евра за мали трговци
• 37.000 – 41.000 евра за средни трговци
• 62.000 – 69.000 евра за големи трговци
• 2.000 евра за трговец поединец
Глобите се изрекуваат доколку нивото на бучава при вршење на угостителска и туристичка дејност ги надминува пропишаните гранични вредности.
Прекумерна бучава жителите на општина Аеродром може да пријават на: inspekcija@aerodrom.gov.mk