Напаѓачот на Реал Мадрид, Французинот КилијанМбапе, присуствува на натпреварот на мароканската репрезентација против Мали на Африканскиот купна нации.
За селекцијата на Мароко игра тимскиот колега на Мбапе од Реал, Брахим Дијаз, но Мбапе не е таму поради него.
Мбапе го носи дресот со број 2, бројот на неговиот близок пријател и поранешен соиграч од ПСЖ, бекот АшрафХакими.Хакими кој се повреди на почетокот наноември, вечерва почна на клупата за резерви.
Мбапе беше покажан на големиот екран на стадионот во Рабат што предизвика овации.
