Сан Антонио е тимот кој сезонава покажува како треба да се игра за да се победи актуелниот првак Оклахома. Во три меча кои овие два тима ги одиграа во последните 11 денови, три победи забележа Сан Антонио.
На 14 декември, во меч од полуфиналето на НБА Купот, Сан Антонио славеше на гости кај Оклахома со 111:109. Пред два дена, Сан Антонио дома со победи првакот со убедливо 130:110, а синоќа, Оклахома очекуваше да се реваншира пред своите навивачи, но Спарси повторно покажаа сила и пак победија убедливо со 117:102.
На последниот меч, Оклахома водеше со 36:30, но Сан Антонио со серија од 13:0 стигна до водство од 43:36. До пред крајот на првото полувреме, гостите ја зголемуваа разликата која во еден момент беше 14 разлика (69:55). Гостите не попуштија ниту во третата четвртина и само ја зголемуваа предноста, па во пресрет на последната четвртина Сан Антонио водеше со 95:79, а во последните 12 минути само рутински ја сочуваа позитивата и стигнаа до убедлива победа.
Фокс со 29 поени беше прв стрелец кај Сан Антонио, а одлични во победничкиот тим беа и Кастл и и Вембањама кои постигнаа по 19 поени.
Њујорк покажа дека никогаш нема предавање. Освојувачот на НБА Купот, во последната четвртина, на свој терен губеше со дури 17 разлика од Кливленд (86:103), но на крајот победи со 126:124.
Лос Анџелес лејкерс ги разочара своите навивачи и дома загуби од Хјустон и тоа убедливо со 96:119.