Со забрзано темпо се работи на асфалтирање на главната траса,изградба на клучка Требениште,потпаник Требениште,се поставува заштитна еластична ограда и асфалтирање на натпатникот кај Подмоље, соопшти директорот на Јавно претпријатие за државни патишта денеска.
Би требало пред нова година да се пушти уште една делница од автопатот, навести Трајановски.
„Планот е пред празниците да се вози по ново автопатско решение во должина од 3 километри.
Сакам јавно да се заблагодарам до надзорот, изведувачите, Министерството за транспорт, МВР и секој еден кој е вклучен во реализацијата на овој многу значаен проект за Македонија“, порача директорот на ЈПДП.