Млад жител на селото Банско, којшто според годините никако не припаѓа во основно училиште, вчера бил фатен во дворот на училиште со марихуана.
СВР Струмица поднел кривична пријава против А.З.(22) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.
На 25 август во двор на основно училиште во с.Банско, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Марихуана е пронајдена и кај уште едно лице, која му ја дал пријавениот.