Астон вила останува конкурент за врвот во Премиер лигата, откако во неверојатен меч славеше над Челзи со пресврт на „Стемфорд Бриџ“. Екипата од „Вила парк“ имаше негатива од 1-0 на полувремето, но во вториот дел со два гола дојде до триумф од 1-2, но и до 39 бода, три помалку од лидерот Арсенал и минус еден од вториот Манчестер сити.
Челзи преку Жоао Педро во 37-мата минута дојде во водство од 1-0, по корнерот на Џејмс, а „сините“ според шансите кои ги имаа, лесно можеа да имаат и далеку поубедливо водство.
Пресвртот на Астон вила беше дело на Оли Воткинс, кој беше стрелец на двата гола, во 63-тата и во 84-тата минута, за големи три бода на „Стемфорд Бриџ“.