Фудбалерите на Манчестер Сити ја презедоа лидерската позиција на табелата во Премиер лигата.
Ова откако во денешниот прв натпревар од 18.коло, Манчестер Сити славеше со 1-2 на гостувањето кај Нотингем Форест.
Популарните „граѓани“ тешко дојдоа до 13-тиот триумф. Откако во првиот дел немаше голови, во вториот беа постигнати трите.
Манчестер поведе во 48.минута преку Рајднерс, а домаќините израмнија во 54-тата преку Халинсон. Избраниците на Гвардиола долго се мачеа да го скршат отпорот на противникот. Тоа им успеа во 83.минута која Французинот, Черки погоди за 1-2 за Манчестер.
Со новите три бода, а вкупно 40, Сити сега е прв на табелата со бод повеќе од Арсенал, кој попладнево ќе игра породив Брајтон на домашен терен.