Вработен во Пожарната служба во Општина Илинден бил пронајден починат вчера наутро во просториите на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Од СВР Скопје информираат дека на 25 декември 2025 година во 08:00 часот било пријавено дека е пронајдено безживотното тело на З.А. (57) од селото Мралино, општина Илинден. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.