Се чини дека нов хаос е на повидок во шпанскиот фудбал, откако медиумите на Пиринеите откриваат дека Реал Мадрид поднел тужба против Барселона. „Кралевите“, наводно, бараат милионско обесштетување од најголемиот ривал и тоа поради случајот Негреира од пред неколку години.
Иако „каталонците“ излегоа без последици од овој скандал, сепак, Флорентино Перес не се откажува и тужбата веќе е подготвена. Дел од медиумите се сомневаат дека ова е само тактика за да се направи притисок и да се фрли дамка на резултатите на Барселона, додека навивачите на „каталонците“ обвинуваат дека комплетниот случај Негреира е креиран токму од претседателот на „кралскиот“ клуб за да го напаѓа вечниот ривал.
Сега на потег е шпанскиот суд, кој треба да ја разгледува тужбата и да одлучи дали е основата или не, па дури потоа да се шпекулира со можните последици врз Барселона.
„Каталонците“ во моментов се лидери на табелата во шпанската Ла Лига со четири поени предност пред Реал Мадрид.