Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, управувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 03 часот и 18 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето Пештани–Охрид–Струга, на околу 105 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот е со локална магнитуда од 2.2 степени според Рихтеровата скала. Според првичните податоци, потресот бил почувствуван во Охрид и околните места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.