1 минута за читање
Како што соопштија од обвинителството, немилиот настан се случил 21 декември по полноќ, кога обвинетиот, управувајќи автомобил „фолксваген“, не застанал на полициски знак и продолжил да вози.
По него била организирана полициска потера од две возила и на една од раскрсниците бил опколен од полицијата, но и тогаш тој не сакал да се предаде. го засилил возилото и удрил директно во полицаецот и во едно од полициските возила и избегал од местото.
Полицаецот бил тешко повреден во стомакот и левата нога.
Полицијата го уапсила на 25 декември. Веќе следниот ден бил изведен пред суд каде што го признал делото, а судот во Кавадарци го прогласи за виновен и му изрече казна затвор од една година.