Елиф Елмас од оваа сезона повторно го гледаме во дресот на Наполи или поточно нашиот репрезентативец го тера вториот мандат во клубот од југот на Италија.
И овој втор дел донесе титула за нашиот ас и тоа во Супер Купот на Италија, резултат кој го однесе Елиф во одбрано друштво кога е во прашање великанот од Неапол.
Имено Елмас претходно со Наполи беше шампион, го освои Купот што значи дека сега ги има освоено сите титули со овој тим во оваа земја, а тоа го носи во елитата на клубот. Македонскиот фудбалер е еден од само деветтемина играчи во историјата на клубот од Неапол со вакви успеси, односно сега е рамо до рамо и со славниот Диего Армандо Марадона.
Освен Марадона и Елиф тука се уште Реника, Де Наполи, Ферара, Ди Лоренцо, Мерет, Политано и Лоботка.
Il y a 9 joueurs de Naples qui ont remporté 3 titres nationaux : Championnat, Coupe d’Italie et Supercoppa !
MARADONA
RENICA
DE NAPOLI
FERRARA
DI LORENZO
MERET
POLITANO
LOBOTKA
ELMAS pic.twitter.com/cpZ5UnWliO
— SSC Napoli Belgique (@SSCNapoliBelgio) December 27, 2025



MARADONA
LOBOTKA
ELMAS pic.twitter.com/cpZ5UnWliO