Фудбалерите на Милан ја презедоа првата позиција на табелата во италијанската Серија А.
Ова откако Милан во првиот денешен дуел од 16.коло, пред своите симпатизери ја победи Верона со 2-0.
На првиот гол се чекаше се до судиското дополнение на првото полувреме, кога Пулишиќ го отвори резултатот.
Во вториот дел, Французинот, Кристофер Нкунку со два брзи гола ја потврди победата. Првиот го постигна од пенал во 48.минута, а вториот само пет минути подоцна (53).
Сега Милан е лидер на табелата со 35 бодови, два повеќе од градскиот ривал Интер, а трои од Јувентус кој е трет, но има одиграно еден меч повеќе. Интер и шампионот Наполи кој заостанува четири бодови, допрва треба да ги играат своите натпревари од шеснаесеттото коло.