1 минута за читање
Денес претпладнето од силниот ветер претпладнево падна дел од покрив на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Покривот падна од зграда во близина на крстосницата на улицата „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.
Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека ги известиле општината и полицијата.
Сообраќајот го регулира СВР Куманово, додека екипи на „Чистота и зеленило“ ги отстрануваат парчињата од лимениот покрив.
„Со наша механизација се расчистува лимениот покрив.“ – изјави Сашо Томиќ, директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“.