Во последниот натпревар од 18-то коло од англиското фудбалско првенство, Тотенхем го победи Кристал Палас со 1:0 на гостински терен.
Судирот меѓу лондонските клубови го реши голот на Арчи Греј во 42. минута. Педро Поро изведе корнер, Рандал Коло Муани со глава одигра повратнатопка во средината до Ричарлисон кој со глава ја продолжи до Греј, кој погоди со глава за 1:. Тоа беше првиот погодок на 19-годишниот Греј во дресот на Спарс во сениорска конкуранција
Гостите ја затресоа противничката мрежа и во 75. минута, но погодокот на Ричарлисон беше поништен поради бекот.
По оваа победа Тотенхем се искачи за три места и сега е на 11-то место со 25 бода. Кристал Палас на деветтото место има бод повеќе.
Во првиот натпревар во неделата, Сандерленд и Лидс Јунајтед одиграа нерешено 1:1. Сајмон Адингра им донесе водство на домаќините во 28. минута, а Доминик Калверт-Луин израмни во 47. минута.
Сандерленд моментално е на седмото место со 28 бода, додека Лидс е на 16-то место со 20 бода.
Арсенал води со 42 бода, два повеќе од Манчестер Сити.