Почнувајќи од далечната 1953 година, крајот на календарската година и почетокот на новата се во знак на легендарната турнеја „Четири новогодишни скокалници“, а на ред е 74-тото издание.
Целиот настан трае само осум дена и се одржува според фиксен календар на скокалници во радиус од само 300 километри. Турнејата стартува во Германија,во Оберстдорф на 29 декември, по што следува најпознатата станица, Гармиш Партенкирхен на првиот ден во новата година (1 јануари). Потоа скокачите се селат во Австрија, а на 4 јануари се натпреваруваат во Инсбрук, а кулминацијата и финалниот чин се одржуваат во Бишофсхофен на 6 јануари.
Иако турнејата е дел од програмата на Светското првенство, се одржува според различни правила. Во првата серија, 50 учесници се натпреваруваат во 25 парови. Победниците и уште пет „среќни губитници“ со најдобри резултати од 30-те натпреварувачи за последниот скок. Токму овој систем му дава посебен шарм и неизвесност, најчесто одлуката за конечниот победник се носи буквално на последниот скок.
Најуспешниот ски-скокач на сите времиња е Финецот Јане Ахонен , кој успеал да го стори тоа помеѓу 1999 и 2008 година. Сепак, Ахонен никогаш не успеал да ги освои сите четири натпреварувања на истата турнеја. Овој фантастичен подвиг досега го постигнале тројца ски-скокачи: Германецот, Свен Ханавалд (2002), Полјакот, Камил Штох (2018) и Јапонецот, Рјоју Кобајаши (2019).
Денеска на програмата се квалификациите, а утре првиот натпревар во Оберсдорф.