Девет натпревари беа одиграни синоќа во НБА лигата, а најнеизвесен беше дерби дуелот во Орландо.
Таму, домашниот тим на Орландо Меџик ги победија Денвер Нагетс во драматичен финиш со 127:126 и покрај фантастичен настап на Никола Јокиќ.
Гостите од Денвер одиграа одлично прво полувреме и водеа на полувреме со плус 14. Во вториот дел домаќините направија пресврт. 12 секунди пред крајот Никола Јокиќ од линијата за слободни фрлања им донесе водство на Нагетс, но седум секунди пред крајот, Дезмонд Бејн беше прецизен за водство на Меџик. На крајот, Џамал Мареј ја презеде одговорноста, но не погоди со звукот на сирената.
Домаќините ги предводеа Ентони Блек со 38 поени и шест скока и Дезмонд Бејн со 24 поени и шест асистенции. Кај Денвер, Никола Јокиќ беше одличен со 34 поени, 21 скок и 12 асистенции. Џамал Мареј додаде 24 поени и пет скока, а Тим Хардавеј имаше 20 поени.
Серијата од осум победи на Сан Антонио неочекувано заврши во натпреварот на домашен терен против Јута. Спарс загубија со „џезерите“ со 114:127.
32-та поени и седумте скока на Вембањама не им помогнаа на Спарсите. Келдон Џонсон со 27 поени и десет асистенции. Финецот, Лаури Марканен беше прв стрелец во победничката екипа со 29 поени, а Кејонте Џорџ постигна еден помалку (28) .
Резултати:
Орландо – Денвер 127:126
Атланта – Њујорк 125:128
Хјустон – Кливленд 117:100
Сан Антонио – Јута 114:127
Минесота – Бруклин 107:123
Чикаго – Милвоки 103:112
Њу Орлеанс – Феникс 114:123
Мајами – Индијана 142:116
Далас – Сакраменто 113:107