Швајцарската компанијат „Nestlé“ соопшти дека повлекува одредени серии од својата прихранување на новороденчиња, вклучувајќи ги формулите SMA, BEBA и NAN, главно во Европа, поради можна контаминација со токсин што може да предизвика мачнини и повраќање.
„Nestlé“, производител на широк спектар на производи од KitKat до Nescafe, објави дека досега не се потврдени случаи на болест поврзани со повлечените производи од понеделникот доцна вечерта.
Откако откри проблем со квалитетот на состојката кај водечкиот добавувач, „Nestlé“ спроведе „тестирање на сите масла од арахидонска киселина и сродни мешавини од масла што се користат во производството на потенцијално засегната формула за бебиња“, изјави портпаролот на компанијата.
По завршување на тестирањето, „Nestlé“ ги повлече засегнатите производи и моментално активира алтернативни добавувачи на масло од арахидонска киселина, зголемувајќи го производството во неколку фабрики и забрзувајќи ги испораките на неоштетени производи од дистрибутивните центри за да ги одржи залихите.
Симптомите на труење со храна можат брзо да се развијат
Компанијата соопшти дека повлекувањето ги опфаќа сериите продадени низ цела Европа, како и во Турција и Аргентина, поради можна контаминација со цереулид, токсин произведен од одредени соеви на бактеријата Bacillus cereus.
„Малку е веројатно дека токсинот ќе биде деактивиран или уништен со готвење, користење провирена вода или во текот на самата подготовка на млеко за доенчиња“, соопшти британската Агенција за стандарди за храна (FSA).
Џејн Роулинг, раководител на одделот за одговор на инциденти на FSA, додаде: „Цереулидот може да предизвика симптоми на труење со храна кои можат брзо да се развијат, вклучувајќи повраќање и грчеви во стомакот“.
Австриското Министерство за здравство соопшти дека повлекувањето опфаќа повеќе од 800 производи од повеќе од 10 фабрики на „Nestlé“, што го прави најголемо во историјата на компанијата.
Портпаролот на „Nestlé“ не можеше да ги потврди бројките.
„Nestlé“ ги објави сериските броеви на производи што се продаваат во различни земји, а кои не треба да се консумираат и изјави дека работи на минимизирање на прекините во снабдувањето.
Компанијата соопшти дека потенцијалниот ризик е идентификуван во фабрика во Холандија.
Холандскиот орган за безбедност на храната (NVWA) соопшти дека истрагата на „Nestlé“ покажала дека контаминирани суровини се користеле на повеќе производствени локации, вклучително и оние надвор од Холандија.
Во регионов, засега поради потенцијалното присуство на цереулид во Хрватска компанијата „Nestlé Adriatic d.o.o.“ веќе повлече ограничени серии на одредени NAN формули за доенчиња.
Според податоците од консултантската компанија SkyQuest Technology Group, „Nestlé“ контролира речиси една четвртина од глобалниот пазар на храна за бебиња во вредност од 92,2 милијарди долари. Иако „Nestlé“ не објавува детални бројки за продажбата, формулите за бебиња се дел од нејзиниот оддел за исхрана и здравје, кој во 2024 година учествуваше со 16,6 отсто од вкупната продажба од 91,4 милијарди швајцарски франци.