Во претпоследниот натпревар од 20-то коло од Евролигата, одигран во средата, Париз го победи Анадолу Ефес со 84:79 на гостински терен во Истанбул.
Се чинеше дека домашниот тим е на пат кон првата домашна победа во ова натпреварување од 20-ти ноември кога Ерџан Османи погоди тројка во 35. минута за водство 77:72. Сепак, во следните пет минути, турскиот тим остана без шут, што парижаните го искористија и го свртија резултатот со серија од 10:0, а Надир Хифи ја запечати победата со тројка за резултат 82:77 на 39 секунди до крајот на 40. минута.
Хифи беше најдобар стрелец на натпреварот со 27 поени. Џаред Роден постигна 15 поени за победниците. Сабен Ли го предводеше Ефес со 17 поени, додека Ерчен Османи додаде 15 поени.
Турскиот тим го претрпе седмиот пораз во последните осум настапи во Евролигата и падна на 18-то место со резултат од 6-14. Париз е 15-ти со резултат од 7-13.
Германскиот репрезентативец Андреас Обст постигна 37 поени, од кои 15 во последната четвртина, предводејќи го минхенски Баерн до победата од 96:89 над шпанска Басконија во последниот натпревар од 20-тото коло на Евролигата.
Германскиот тим заостануваше со осум поени (36:48) на полувремето, а таа разлика ќе беше двоцифрена доколку Обст не погодеше тројка од далечина, трета од пет обиди, додека времето истекуваше. Во второто полувреме, тој погоди уште четири тројки од шест обида и постигна 25 од своите 37 поени.
Басконија влезе во последната четвртина со девет поени предност (60:69), но тимот на Светислав Пешиќ постигна дури 36 поени во последните десет минути и направи пресврт доаѓајќи до седмата победа во Евролигата, нанесувајќи му го четвртиот пораз по ред на баскискиот тим.
Кај победниците стрелци беа уште Џастиниан Џезап со 17 поени, а Ајзија Мајк со 13. Стрелците на Басконија ги предводеше Матео Спањоло со 20 поени, додека Родионс Куруч и Јуџин Оморуји постигнаа по 13.
Баерн стигна до 16-то место со учинок од 7-13 и ја потисна Басконија (6-14) на 17-та позиција. Анадолу Ефес, АСВЕЛ Вилербан и Партизан од Белград имаат ист ефект како и баскискиот тим.
Евролига – 20. коло
Одиграно во среда:
Анадолу Ефес – Париз 79:84
Баерн Минхен – Басконија 96:89
Одиграно во вторник:
Фенербахче – Олимпијакос 88-80
Монако – Партизан 101-84
Црвена ѕвезда – Валенсија 89-106
Асвел Вилурбан – Реал Мадрид 69-80
Хапоел Тел Авив – Дубаи 85-60
Панатинаикос – Армани Милано 74-87
Барселона – Макаби Тел Авив 93-83
Виртус Болоња – Жалгирис 83-79
ТАБЕЛА:
1. Хапоел Тел Авив 20 14 6
2. Валенсија 20 14 6
3. Фенербахче 19 13 6
4. Монако 20 13 7
5. Барселона 20 13 7
6. Реал Мадрид 20 12 8
7. Панатинаикос 20 12 8
8. Олимпијакос 19 11 8
9. Жалгирис 20 11 9
10. Црвена ѕвезда 20 11 9
11. Виртус Болоња 20 10 10
12. Армани Милано 20 10 10
13. Дубаи 20 9 11
14. Макаби Тел Авив 20 8 12
15. Париз 20 7 13
16. Баерн Минхен 20 7 13
17. Басконија 20 6 14
18. Анадолу Ефес 20 6 14
19. Асвел Вилурбан 20 6 14
20. Партизан 20 6 14