Фудбалерите на Интер ја победија Парма со 2:0 на гостински терен во последниот натпревар игран во средата во рамките на 19-то коло од италијанското првенство, искористувајќи го киксот на Наполи, кој ремизираше 2:2 дома против Верона.
Интер поведе во 42. минута со голот на Федерико Димарко, а Маркус Турам ја потврди победата на „нероазурите“ во осмата минута од судиското продолжение.
Интер сега има четири бода повеќе од Милан, кој ќе биде домаќин на Џенова в четврток, и Наполи, кој ремизираше само 2:2 дома против „давеникот“ Верона.
Верона поведе во 16. минута преку Мартин Фрезе, а Гифт Орбан го зголеми резултатот на 2:0 со гол од пенал во 27.минута откако Алесандро Буонџорно играше со рака во својот шеснаесетнил. Скот Мектоминај постигна гол во 54.минута по корнер, враќајќи ги домаќините во живот. Наполи успеа да израмни на 2:2 во 72. минута но голот на Расмус Хојлунд беше поништен поради игра со рака, што предизвика огромни протести од домашните. Пет минути подоцна, Мектоминај ја погоди мрежата на противникот по вторпат на натпреварот. Но и неговиот погодок беше поништен по прегледот на ВАР, овојпат поради офсајд.
Во 82. минута сè беше чисто. Лука Маријанучи испрати одличен центаршут, а Џовани Ди Лоренцо прекрасно постигна гол за 2:2. Во последните моменти од натпреварот Наполи силно притискаше во обид да дојде до сите три бода, но гостите беа поблиску до третиот гол. Во третата минута од судиското продолжение, Џоване сам се упати кон голот на Наполи, се обиде со лоб да го измами Вања Милинковиќ-Савиќ но го префрли и голот.
Лацио и Фиорентина одиграа 2:2, а сите четири гола паднаа во продолжението. Данило Каталди ги доведе домаќините во водство во 52. минута, но „Виолите“ направија резултатски пресврт со головите на Робин Госенс (56) и Алберт Гудмундсон (89-11м). Сепак, Педро ги постави конечните 2-2 од пенал во петтата минута од судиското продолжение.
Удинезе извлече бодови на гости со победата над Торино со 2:1. Николо Заниоло во 50. и Јирген Екеленкамп во 82. минута постигнаа погодоци за тимот од Удине, а Чезаре Касадеи постигна го постигна почесниот гол за Торино во 87. минута.
Аталанта победи со 2:0 во Болоња. Херој на победата на екипата од Бергамо беше Никола Крстовиќ, кој постигна два гола. Првиот гол го постигна во 37. минута по асистенција од Шарл Де Кетелаере, а вториот во 60. минута на додавање од Мартен Де Рун.
В четврток се среќаваат Кремонезе – Каљари и Милан – Џенова.
Интер води со 42 бода, Милан и Наполи имаат по 38, а Јувентус и Рома имаат по 36 бода.