Во финалето на шпанскиот Суперкуп, кое се игра во саудиска Џеда, силите ќе ги одмерат најглемите спортски ривали Барселона и Реал Мадрид.
Откако Барселона го победи Атлетик Билбао со 5:0 во средата, Реал го победи градскиот ривал Атлетико со 2:1 во четврток.
Валверде во 2. и Родриго во 55. минута му донесоа водство на Реал од 2:0, пред Сорлот во 59. минита да го ублажи поразот на Атлетико.
Финалето е закажано за в недела со почеток во 20 часот.