Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека ќе дозволи истекување на најновиот договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија и нема да ја прифати понудата на Москва доброволно да го продолжи, објави The New York Times.
Во септември рускиот претседател Владимир Путин предложи двете земји доброволно да ги одржат ограничувањата за распоредено стратешко нуклеарно оружје утврдени во Новиот договор СТАРТ, кој истекува на 5-ти февруари годинава
„Ако истече, истекува. Само ќе направиме подобар договор“, изјави Трамп за The New York Times.
Додаде дека Кина треба да биде вклучена во секој иден договор. Меѓутоа, Пекинг редовно ги отфрла таквите повици посочувајќи дека нуклеарниот арсенал на САД и Русија многукратно го надминува кинескиот
Портпаролите на руската и на кинеската амбасада во Вашингтон не одговорија веднаш на барањата за коментар за Reuters.
Руско-американските преговори за продолжување на инспекциите според договорот Нов СТАРТ, кој истекува во февруари 2026 година, беа прекинати во ноември 2022 година, без воспоставување временска рамка за новите преговори
Во август 2023 година руското Министерство за надворешни работи извести дека и покрај тоа што односите меѓу двете земји се на најниското ниво од крајот на идеолошката блоковска Студена војна, Москва и Вашингтон се договориле да го одржат дијалогот и успеале да решат некои од проблематичните прашања во врска со инспекциите кои произлегуваат од договорот Нов СТАРТ. Но притоа забележа дека и натаму има „значителни тешкотии“ во спроведувањето на „суштинските рутински мерки“ предвидени со договорот е комплицирано, за што ги обвини „неконструктивните активности“ на Вашингтон и неговите сојузници.
Договорот Нов СТАРТ (Договор за намалување на стратешкото вооружување Strategic Arms Reduction Treaty) познат и како START-3 е потпишан во 2010 година и го ограничува бројот на стратешките нуклеарни боеви глави, проектили и бомбардери кои Русија и САД може да ги распоредат. Двете земји контролираат околу 90 отсто од светските резерви на нуклеарно вооружување. Договорот START-3 ги играничува двете суперсили на 1.550 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање и по 800 лансирни системи. Исто така, го ограничува и бројот на лансери на нуклеарни проектили и проектирите распоредени на копното и на подморниците, како и на стратешките бомбардери.
Во првиот мандат на американски претседател Доналд Трамп неговата администрација преговараше по истото прашање со Русија, но не успеа да постигне договор. Во прв ред, поради сомневањата на Трамп дека Москва е во значителна предност во овој поглед, како и неговото инсистирање на договорот да се приклучи и Кина, којашто одбиваше тврдејќи дека нејзините резерви од вакво вооружување се недостижно во моментов многу помали отколку на двете земји.
Договорот СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилитe Барак Обама и Дмитриј Медведев, истече во јануари 2021 година а според калузулата автоматски е продолжен до 2026 година. Вашингтон никогаш досега јасно не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека во 2020 година се повлече и од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор.